Самир Фазли доби дозвола од ФИФА да може да игра за Шкендија, откако напаѓачот имаше проблем со сертификатот од претходниот клуб Рудеш од Хрватска.
Фазли потпиша за Шкендија во летниот преоден рок, но поради проблеми со сертификатот од Хрватска немаше право на настап.
Сега работата е испеглана, а Фазли во вистински момент доби зелено светло за настап, токму пред утрешното дерби од осмото коло во Турново меѓу Академија Пандев и Шкендија. Дуелот почнува од 15 часот.