Фармацевтската компанија „Модерна“ која произведуваше вакцини против корона-вирусот, ангажирала ексчленови на секторот за дезинформации при ФБИ да следи одредени познати личности кои јавно ја критикуваа задолжителната вакцинација.
На листата на лица кои треба да бидат следени е и тенисерот Новак Ѓоковиќ.
Најдобриот светски тенисер по две години изостанување на Отвореното првенство на САД затоа што не смееше да влезе во САД како невакциниран против ковид-19, годинава се врати во Њујорк и победи на турнирот. „Модерна“ како еден од спонзорите на овој гренслем бараше и годинава да не му се дозволи на Новак да игра.
Ѓоковиќ никогаш не кажа јавно дека е против вакцинација, туку дека луѓето треба да имаат право на слободен избор дали ќе се вакцинираат или не.