Извршниот одбор на Мексиканската фудбалска федерација ги донесе одлуките за казни на фудбалските клубови Керетаро и Атлас по невидените инциденти коишто ги направија изминатиов викенд.
Иако се претпоставуваше дека има и починати, сепак, последните информации од Мексико, за среќа, велат дека нема.
Керетаро остана без комплетниот управен одбор на чело со Мануел Велардом и Габриел Соларес, коишто добија доживотна суспензија од фудбалот, а клубот е казнет со 120 илјади евра.
Исто така, Керетаро наредната година ќе мора да игра на неутрален терен без присуство на навивачи, а ултрасите на оваа средба добија тригодишна забрана за влез на стадион.
Уапсените од овој инцидент ќе имаат доживотна забрана за влез на стадионите во оваа земја. Средбата е регистрирана со службен резултат од 0:3 за Атлас, кој исто така доби казна.
Тие шест месеци ќе бидат без своите навивачи на гостувањата.