Федерер: Да играм во 2021 година? Можно е, но…

Роџер Федерер сезоната ја заврши како трет најдобар тенисер според АТП листата зад Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Триесет и осмогодишниот Швајцарец веќе ги откри плановите за новата сезона, ќе се појави на Олимписките Игри во Токио, како и на најголемите тениски првенства.

Федерер така ќе игра тенис на врвно ниво и на 39 години, а на прашањето дали ќе ја продолжи кариерата и по 40-тата година, тој вели дека е можно, но постои еден услов според кој ќе се ориентира.

„Сè уште не знам дали ќе играм во 2021 година, ми се чини дека тој период е далеку за да размислувам за тоа. Можно е, ако имам прилика да продолжам да играм, секако дека ќе го направам тоа. Но, треба да мислам и на моето здравје, не сум млад како некогаш. Моето тело ќе ми каже дали можам или не. Зависи и од мојот учинок во новата сезона, но секако здравјето е поважно“, истакна Федерер.

Швајцарскиот виртуоз има освоено 20 Гренд слем титули во кариерата, последната му беше на ОП на Австралија во 2018 година, додека изминатава сезона славеше во четири АТП турнири – Дубаи, Мајами, Хале и Базел.

- Оглас -

Најнови вести