18.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Федерер експресно го помина првото коло на Ролан Гарос

Роџер Федерер без никакви проблеми го помина првото коло од Гренд Слем турнирот во Париз, популарниот Ролан Гарос. Швајцарскиот тенисер лесно со 6:2, 6:4, 6:4 славеше против 74-от тенисер на АТП листата, Лоренцо Сонего од Италија. Мечот траеше нешто повеќе од еден и пол час, што значи дека Федерер ги сочува силите за следните предизвици.

Во второто коло, популарниот „Федекс“ ќе игра против Германецот Оскар Оте кој беше подобар со 3:1 во сетови против Малек Јазири од Тунис. Од досегашните мечеви кои завршија, најдраматично беше меѓу Глигор Димитров и Јанко Типсаревиќ. Бугарскиот тенисер беше голем фаворит и поведе со 2:0 во сетови, но Типсаревиќ не се предаде. Србинот ги доби следните два сета, а во решавачкиот петти сет, Димитров беше подобар со 6:4.

Циципас со 6:2, 6:2, 7:6 го победи Мартере, а во останатите мечеви: Делион – Гунесваран 6:1, 6:3, 6:1, Махут – Сесинато 2:6, 6:7, 6:4, 6:2, 6:4, Нишикори – Халс 6:2, 6:3, 6:4, Бератини – Андухар 6:7, 6:4, 6:4, 6:2, Руд – Гулбис 6:2, 7:6, 6:0, Чилиќ – Фабијано 6:3, 7:5, 6:1.

Главните фаворити за трофејот на Ролан Гарос, 11-кратниот освојувач Рафаел Надал и лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, мечевите од првото коло ги играат утре.

 

- Оглас -

Најнови вести