Легендарниот Роџер Федерер уште не планира да оди во пензија. Иако оваа година одигра едвај 15-тина меча и голем дел од сезоната ја пропушти поради повреда, Федерер не планира да стави крај на професионалното играње.
Швајцарецот пред два месеци наполни 40 години, но според пишувањата на ЕСПН, Федерер ќе игра на турнирот во Хале, кој треба да се игра од 11 до 19 јуни следната година.
Roger Federer confirma su regreso para el torneo Halle https://t.co/RQYZSqSMt5
— Periódico e-consulta (@e_consulta) October 26, 2021
Според предвидувањата, овој турнир во Хале треба да биде подготовка и темпирање на формата на Федерер за настап на неговиот омилен гренслем-турнир, а тоа е Вимлбдон во Лондон, кој треба да се игра во јули 2022 година.