32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Федерер го понижи противникот

Роџер Федерер се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД, откако на неверојатно лесен начин го победи Давид Гофин од Белгија. Легендарниот Швајцарец му препушти само четири гема на Гофин и на крајот славеше со 6:2, 6:2, 6:0, во меч кој траеше помалку од еден и пол час.

Гофин беше 15-ти носител во Њујорк, но едноставно беше немоќен да се спротистави на Федерер. За Роџер ова е 13-то учество во четвртфиналето на САД Опен, а вкупно по 56-ти пат е дел од најдобрите осум тенисери на Гренд слем турнирите.

Дербито на осминафиналето се игра ноќеска. Првиот носител Новак Ѓоковиќ ќе игра против Стен Вавринка.

 

- Оглас -

Најнови вести