Роџер Федерер секако е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Тоа е првиот кој стигна до 20 гренслем-титули, но потоа и застана остапувајќи им го патот на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. По триумфот на „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ е рекордер со 23 гренслем-трофеи, а Надал остана на 22 вакви пехари.
Ѓоковиќ е рекордер и по бројот на поминати недели на првото место на АТП-листата, па според многумина, токму Србинот е ГОАТ (Најдобар на сите времиња). Федерер го запрашаа што мисли околу тоа дали Ѓоковиќ е ГОАТ.
„Неверојатно. Огромна работа е тоа што го направи Новак. Тешко е да се утврди дали е најдобриот на сите времиња. Тоа е дебата која нема јасен одоговор. Еднаш зборував со мој пријател и го прашав: „Што е потешко да се освои: Вимблдон со 17 години како Борис Бекер или ‘Ролан Гарос’ со 36 години како Новак?. Не знам“, беше објаснувањето на Федерер, кој минатата година замина во тениска пензија.