Кога играат треторангираниот на АТП-листата против тенисерот кој е на 77-мото место на ова рангирање, се очекува лесна победа на фаворитот. Сепак, ако тоа е меч меѓу Роџер Федерер и Жо-Вилфред Цонга, тогаш се работи за дерби-дуел.
Во второто коло на турнирот во Хале, Федерер ќе биде фаворит, но никако не смее да се потцени Цонга, кој успеал да се радува на 6 од 18 меѓусебни средби со Швајцарецот. Интересно е што овие двајца тенисери немаат играно ниту еднаш во последните три години, а на трева немаа меѓусебен дуел уште од четврт-финалето на Вимблдон во 2011 година. На тој легендарен меч, Федерер водеше со 2:0 во сетови, но Цонга успеа да се врати и како ретко кој, да му направи пресврт на Федерер за победа од 3:2.
Сепак, кога се работи за турнирот во Хале, Федерер доминира и досега има девет титули. На овој турнир, Швајцарецот има биланс од 64 победи и само седум порази. Федерер досега нема 10 титули на ниту еден турнир, што е уште еден мотив повеќе да го победи Цонга.
Денеска на програмата на турнирот во Хале се уште три меча, а сите ги имате во понудата на Sport Life. Oд денешната тениска понуда, интересни мечеви има и на турнирот во Лондон.