Федерер играше до 1 по полноќ, па објави шок за своите навивачи

Славниот швајцарски тенисер Роџер Федерер, после победата над Доминик Кепфер, шокантно најави дека можеби нема да се појави на осминафиналниот дуел со Матео Беретини. Федерер кој се измачи против Кепфер пред да победи со 3-1 во сетови, мечот го заврши во 45 минути по полноќ, и призна дека е заморен, а рече и дека е изненаден што добил три меча на „Ролан Гарос“.

До можно четвртфинале Федерер – Ѓоковиќ, двете легенди ги дели само уште по една победа. Но, приоритет на Федерер му е Вимблдон, и не сака да се троши премногу на „Ролан Гарос“, па најави дека размислува да се повлече, доколку почувствува дека колената не би издржале нов тежок меч во текот на утрешниот ден.

- Оглас -

Најнови вести