Федерер има заработено повеќе од Ѓоковиќ и Надал заедно

Новак Ѓоковиќ по триумфот на завршниот АТП мастерс турнир го прескокна Рафаел Надал во заработката во кариерата, но и двајцата тенисери се далеку зад Рожер Федерер кој повеќе од една година е во пензија.

Ѓоковиќ од награди од турнирите и од спонзорите досега во кариерата има заработено 520 милиони долари, додека Надал има пет милиони помалку.

Но, далеку пред нив е Федерер кој има заработено повеќе од двајцата тенисери заедни. Федерер во кариерата има заработено околу 1,2 милијарда долари, а дека се уште е магнет за спонзорите доказ е дека годинава на неговото банкарско салдо се слеале 95,1 милиони долари.

Заработката на Ѓоковиќ се очекува да се зголеми во иднина бидејќи покрај настапите од турнирите и од спонзорите, тој најави дека ќе покрене сопствен бизнис идната година. Тој идната година ќе започне со производство и продажба на спортски енергетски пијалок.

- Оглас -

Најнови вести