Федерер изненади: Би се обложил на Новак

Легендарниот швајцарски тенисер и голем ривал на Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер, смета дека токму Србинот е главен фаворит за триумф на Отвореното првенство на САД.

„Би се обложил на Новак, тоа е сигурен облок“, одговори Федерер на прашањето на новинарот на германското издание на магазинот „Спорт Илустрејтед“.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе се сретне со американскиот тенисер Бен Шелтон кој беше подобар од сонародникот Френсис Тиафо.

- Оглас -

Најнови вести