Федерер ја почуствува паузата од 712 дена и загуби од Андухар

Роџер Федерер долго чекаше за повторно да игра на тениски турнир на земјена подлога и камбекот му беше неуспешен. Во својата земја на турнирот во Женева Федерер загуби со 1:2 во сетови од Пабло Андухар.

Ова беше прв меч за живата тениска легенда на земја по цели 712 дена пауза и не успеа да победи во три сета, што завршија со идентичен резултат од 6:4 во гемови.

Андухар ги доби првиот и третиот сет и се пласира во следното коло, а Федерер може само да се радува што успеа да се врати, но ќе мора да игра подобро за да бележи подобри резултати.

https://twitter.com/TennisTV/status/1394681350108635136?s=20

Интересно е што двајцата тенисери веќе ветерани заедно имаат 74 години и за првпат играа меѓу себе, што е раритет. Федерер има 39 години, а Андухар, кој ќе продолжи на турнирот има 35 полни лета.

https://twitter.com/tennis_gifs/status/1394659765083533315?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести