Федерер му оддаде почит на Ѓоковиќ: Тоа што го направи Новак е неверојатно

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер му честиташе на Новак Ѓоковиќ за триумфот на „Ролан Гарос“, на кој дојде до 23-тиот гренслем-трофеј во кариерата.

„Тоа што го направи Новак е неверојатно. Да бидам искрен, одлично е за тенисот кога се испишува историја. Тоа го гледавме со Серена, со Рафа, со Надал и сега со Новак.Ова се одлични времиња за тенисот“, рече Федерер.

Федерер е дел од големата тениска тројка која е најдобра во историјата на овој спорт. Федерер, Надал и Ѓоковиќ заедно освоија дури 65 гренслем-титули.

„Се сеќавам дека кога станав професионален, Пит Сампрас дојде до 14-тата греслем-титула и тогаш си помисливме дека овој рекорд ќе остане засекогаш. Потоа јас дојдов до 17 гренслем-трофеи, па потоа застанав на 17. Потоа сите тројца се „туркавме“ до 20, не се сеќавам кој прв дојде до оваа бројка. Потоа Рафа дојде до 22 гренслем-титули, а сега Новак има 23 и изгледа дека ќе продолжи да освојува уште трофеи и тоа е одлично. Сите забораваме дека не е толку млад и му посакувам сè најдобро“, додаде Федерер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести