Тениската легенда Роџер Федерер го објави своето враќање на теренот, три години откако се повлече од професионалниот тенис. Легендарниот 44-годишен Швајцарец ќе игра во егзибициски натпревар на Австралија Опен следната година заедно со уште тројца поранешни светски број еден.
„Ми се чини како да помина цела вечност откако ја измислив фразата „Среќен слем“ за Австралија Опен, и сè уште ме прави да се насмевнувам кога ќе се сетам на сите моменти што ги доживеав тука. Доживеав толку многу емоции на Род Лејвер Арената – радоста да го кренам „Норман“ шест пати, честа да играм пред самиот Род Лејвер, предизвикот да се натпреварувам против моите најголеми ривали и секогаш огромната љубов и поддршка од австралиските навивачи. Враќањето и освојувањето на Австралија Опен во 2017 година е едно од моите најдраги спомени од Гренд слем, а одбраната на титулата во 2018 година беше уште еден сон што се оствари во Мелбурн. Едвај чекам повторно да се вратам и да создадам уште фантастични моменти со сите австралиски навивачи“, рече Федерер.
Швајцарецот со уште тројца тениски икони на белиот спорт како што се Андре Агаси, Патрик Рафтер и Лејтон Хјуит ќе бидат дел од шоуто.

