Федерер направи споредба меѓу Алкарас и големата тројка: Новак е без конкуренција во тој дел од играта

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер, кој беше специјален гостин на турнирот од серијата мастерс 1000 во Шангај, направи споредба меѓу младата ѕвезда Карлос Алкарас и големата тениска тројка која ја промени историјата на овој спорт, во која покрај него се и Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Гледам потенцијал во форхендот на Карлос, кој е најблизок до тој на Рафа. Можеби има некои слични елементи од играта со мене, како што се слајсот и скратените топки. Може да игра од основната линија како Надал. Има одбранбени можности како Новак, но Ѓоковиќ тоа го прави долги години и затоа е без конкуренција во тој дел од играта. Никој не може да се брани како Новак. Исто како што никој не може да игра како Рафа Надал на земја. Мислам дека е многу важно за Карлос да ги избегне повредите. Но, не ми се допаѓаат никакви споредби“, изјави Федерер.

- Оглас -

Најнови вести