Федерер: Нè убедија дека условите за играње се добри

Отвореното првенство на Австралија со возбудувањата стартува во ноќта меѓу недела и понеделник. Првенството почнува по според предвидениот распоред, иако се шпекулираше дека може да се помести поради пожарите кои од септември минатата година прават раздор низ целиот континент.

Во текот на квалификациите на неколку тенисери им се влоши здравствената состојба поради неквалитетот на воздухот, но организаторите ги убедија тенисерите дека сè ќе помине во најдобар ред.

„Не знам што да кажам за оваа ситуација, ниту пак можеме да влијаеме. Искрено, не се грижам многу околу квалитетот на воздухот, штом организаторите проценија дека може да се игра, тогаш ќе играме. Одржаме состанок и нè убедија дека турнирот ќе помине во најдобар ред“, истакна Федерер.

Швајцарецот во првото коло ќе се соочи со американскиот тенисер Стив Џонсон. Минатата година Федерер претрпе елиминација во четвртото коло од Стефанос Циципас, додека последен пат во Мелбурн триумфираше во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести