27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Федерер нема да биде закана ниту на Вимблдон, рано елиминиран на тревата на која освои 10 титули

Роџер Федерер загуби во осминафиналето на турнирот во Хале и не успеа по 11-ти пат да го освои тој турнир кој се игра на тревната подлога. Швајцарецот во првото коло победи против квалификант, а денеска против точно 19 години (родени се на 8 август, но Швајцарецот речиси две децении порано) помладиот Канаѓанец Феликс Оже Алијасим го освои само првиот сет со 6-4, пред да ги загуби наредните два со 3-6 и 2-6.

Федерер во 2019 година го освои овој турнир по десетти пат во кариерата, лани не се играше, а сега испадна прерано. Ова е сигнал дека Федерер нема да биде во првиот ред на фаворити за титулата на претстојниот грен-слем Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести