22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Федерер немоќен против 17 години помладиот Грк

Стефанос Циципас го игра најдобриот тенис во кариерата, а тоа го потврди и со победата над Роџер Федерер во полуфиналето на завршниот АТП Мастерс во Лондон. Федерер делуваше како фаворит против Циципас, но Гркот покажа дека нема страв ниту респект кон големиот шампион и на крајот победи со 6:3, 6:4, во меч кој траеше нешто повеќе од еден и пол час.

Публиката во Лондон навиваше за Федерер, но тоа не му пречеше на Циципас да го победи тенисерот кој има 20 Гренд слем титули во кариерата. Циципас одлично започна во првиот сет и поведе со 3:0 во гемови, а потоа до крајот успеа да ја сочува предноста од еден брејк.

Во вториот сет, повторно Циципас прв направи брејк, Федерер возврати, но Гркот и по втор пат успеа да го освои гемот на сервис на противникот, што се покажа како доволно за да се радува на победата.

Во финалето, Циципас ќе го чека подобриот од второто полуфинале кое се игра вечерва во 21 часот меѓу Доминик Тим и Александер Зверев.

 

- Оглас -

Најнови вести