Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерар, на подкаст на Јутјуб зборуваше за најдобрите тенисери на сите времиња. Швајцарецот имаше за задача да ги одбере петмината најдобри, со исклучок на себеси.
Прв избор беше шведската легенда Стефан Едберг, за кого рече дека му бил идол и инспирација. Потоа и Пит Сампрас и Борис Бекер, а дури на крајот следуваа Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ.
„Борис Бекер од Германија. Тие играа еден против друг, па често ги гледав на телевизија. Потоа Пит Сампрас од САД, секако и Надал, а можеби и Ѓоковиќ.“ – токму тоа „можеби“ пред името на Србинот ги разлути неговите фанови, кои сметаат дека токму Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата на овој спорт.

