Роџер Федерер има многу животи на Австралија и по драмата што ја преживеа во дуелот со Џон Милман, и денеска успеа да се врати од работ на бездната и повторно во маратонски меч да слави победа.
Швајцарецот имаше негатива од 1:2 во сетови против Тенис Сандгрен и негатива од 3:6 во поени во тај-брејкот во четвртиот сет, но извади адути како волшебник, успеа да спаси три меч топки и да израмни на 6:6, потоа уште еднаш беше на праг на пораз, но повторно одигра брилијантно во клучен момент и потоа тргна фуриозно кон победата. Претходно Сандгрен имаше уште 3 меч топки за победа, но не успеа да приреди првокласна сензација.
Израмни на 2:2 во сетови и потоа со клучен брејк за 4:2 во решавачкиот сет го скрши отпорот на 100. на светската ранг-листа.
Две кола претходно Федерер покажа дека за него ниту еден меч не е загубен, без разлика на негативата и успеа да го елиминира Џон Милман, иако губеше со 8:4 во поени во теј-брејкот што се игра до 10 поени во петтиот сет.
И сега направи сличен подвиг, а преживеа и 27 аса што ги сервираше Сандгрен и во полуфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ што ќе се игра за половина час.