Федерер повторно го загуби првиот сет, па потоа го „сомле“ противникот

Роџер Федерер се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на САД откако со 3:1 во сетови го победи Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина. Легендарниот Швајцарец одигра речиси по ист рецепт како во првото коло. Федерер го загуби првиот сет, овојпат со 3:6. За Џумхур ова беше прв освоен сет против Федерер во нивниот трет меѓусебен дуел, но на тој само и остана.

Во вториот сет, Роџер беше убедлив со 6:2, третиот го доби со 6:3, а во последниот, четврти сет беше 6:4 за Швајцарецот, во меч кој траеше помалку од два и пол часа.

Претходно, во второто коло се радуваше и Кеј Нишикори, откако со 6:2, 4:6, 6:3, 7:5 го победи Бредли Клан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести