Федерер сака да купи еден од највредните тениски турнири

Роџер Федерер, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, веќе размислува за тоа што ќе прави кога и дефинитивно ќе се повлече од активното играње. Според најавите, швајцарскиот тенисер заедно со својата фирма „Тим 8“ сака да го купи Мастерс турнирот во Синсинати.

Тениската асоцијација на САД (УСТА) пред три месеци објави дека планира да продаде 93,8 отсто од акциите на Мастерсот во Синсинати. Токму фирмата „Тим 8“ и Федерер се најзаинтересирани за купување на акциите, а некои шпекулации велат дека се работи за сума од девет цифри.

УСТА го купи овој Мастерс во 2009 година, и тоа за сума од 12,5 милиони долари, а во изминативе 13 години инвестираше речиси 70 милиони американски долари во овој турнир.

Федерер овој турнир го има освоено седум пати, а неколку пати губеше и во финалето, што значи дека е добро познато и едно од најомилените лица на навивачите кои доаѓаат на турнирот во Синсинати.

- Оглас -

Најнови вести