Роџер Федерер покрена голема бура во тенискиот свет, со изјавата дека директорите на турнирите помагаат за титули на Карлос Алкарас и Јаник Синер.
Во подкастот на Енди Родик, Федерер откри на каков начин се „местат“ финалињата и титулите за двајцата најдобри тенисери на светот во моментов. Тој смета дека се форсираат побавни подлоги на некои турнири, што им одговара повеќе на фаворитите отколку на аутсајдерите.
„Разбирам дека директорите на турнирот врз основа на нивните инструкции, се обидуваат да ги направат терените побавни. На ваков начин послабите играчи мора да погодат неверојатни винери за да го победат Синер, бидејќи ако теренот е многу брз, тогаш можеби на аутсајдерите ќе им требаат само неколку добри удари во вистинско време. Директорите на турнирот се водат од логиката: „Подобро би ги имал Синер и Алкараз во финалето“. И на некој начин, тоа е добро за тенисот“, објасни 44-годишниот Швајцарец кој има 20 гренслем титули во кариерата.