Роџер Федерер преку социјалните мрежи му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освојувањето на Отвореното првенство на Австралија, но честитка досега нема пристигнато од третиот член на најголемата тениска тројка во историјата, Рафаел Надал.
Сега Надал и Ѓоковиќ се израмнети на врвот со по 22 гренслем-титули, додека Федерер ја заврши кариерата со 20.
„Неверојатен потфат, повторно. Многу честитки“, порача Федерер во пет збора.
Кога Надал пред една година ја освои 21-вата гренслем титула, тогаш рекордна, со која Рафа го надмина Роџер на вечната листа, Швајцарецот напиша цел „ферман“, а сега Ноле го поздрави со пет збора. А, Надал ни пет збора не троши за Ѓоковиќ.