15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Федерер типува победа на Ѓоковиќ против Синер (Видео)

Утре на Централниот терен на Вимблдон се очекува спектакл во полуфиналето помеѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, а прогноза за исходот на дуелот даде и славниот Роџер Федерер кој е еден од најголемите тенисери во историјата.

Швајцарецот кој има 8 титули на Вимблдон, една повеќе од Ѓоковиќ, беше начекан од новинари на Спорт Клуб кои ја искористија приликата да му постават прашање: Кој ќе победи во мечот помеѓу Ѓоковиќ и Синер?

Во прв момент Федерер се замисли и реагираше со доза на претпазливост, се насмеа и се обиде да избегне директен одговор. Но, на повтореното прашање швајцарскиот ас се сврте и со насмевка кажа: Новак!

Федерер и Ѓоковиќ во 2019 година го одиграа епското финале на Вимблдон кое му припадна на Новак во пет сета, а Швајцарецот испушти меч топки. Но, и покрај големото ривалство кое е завршено бидејќи Федерер е во пензија, почитта останува.

- Оглас -

Најнови вести