Роџер Федерер ја заокружи серијата на егзибициски мечеви против Александар Зверев низ Јужна Америка, а заработката од петте дуели му е речиси 10 милиони долари. Швајцарецот одигра дуели во Чиле, Аргентина, Мексико и Еквадор, а дуелот во Колумбија беше одложен. Оваа сума е блиску до сумата која ја заработи Новак Ѓоковиќ во текот на целата 2019 година. Србинот оваа година инкасираше 13.372.255 долари.
Посебно атрактивен беше мечот во Мексико сити, кога беше поставен и нов светски рекорд по бројот на присутни гледачи. Мечот го следеа 42.517 гледачи, со што беше надминат рекордот на Ким Клајстерс и Серена Вилијамс кои во 2010 година играа пред 35.681 гледачи.
