Федерер: За тенисот е добро што Надал и Новак сè уште се тука

Легендарниот швајцарски тенисер, Рожер Федерер, е среќен што Рафаел Надал по едногодишна пауза ќе се врати на терените.

Федерер заедно со Надал и Новак Ѓоковиќ се дел од големата тениска тројка и за речиси сите тениски фанови се најдобрите играчи во историјата на овој спорт.

„За нив двајца ќе кажувам само најубави работи. Беше фантастично да се дели теренот со нив сиве овие години. Се чувствував среќен, и среќен сум што играв против нив 40 или 50 пати, така да имам многу сеќавања на одлични моменти. Се надевам дека Рафа ќе се врати силен на терените идната година. Се надевам дека Новак ќе може да продолжи да игра колку што сака бидејќи добро е за тенисот овие двајца сè уште да бидат активни“, изјави Федерер.

Швајцарецот во својата кариера одигра 40 меча против Надал (24-16 за Надал) и 50 против Ѓоковиќ (27-23 за Новак).

- Оглас -

Најнови вести