Роџер Федерер се најде во полуфиналето на турнирот во Хале, кој се игра на тревната подлога, како подготовка за претстојниот Вимблдон. Федерер кој е прв носител, во четвртфиналето беше подобар од Роберто Баутиста Агут, кого го надигра со 6-3, 4-6, 6-4. Во полуфиналната рунда, славниот Федерер ќе се сретне со Французинот Ербер, кој го совлада повредениот Чориќ.
После денешниот триумф, Федерер има 9-0 во меѓусебните дуели со Шпанецот Баутиста, а два од овие девет дуели беа на трева. Иако Шпанецот даде силен отпор, сепак не успеа да го разбие малерот, и останува без победа во пресметките со Федерер. Швајцарецот 15-та година по ред е полуфиналист во Хале.