Феенорд чудесно се врати и го шокираше Сити на „Етихад“, Баерн подобар од ПСЖ (Видео)

Баерн Минхен го победи Пари Сен Жермен со 1-0 на „Алијанц арена“ во дерби-натпреварот од петтата рунда во Лигата на шампионите. Дефанзивецот Ким Мин-Јае беше стрелец на победничкиот гол за германскиот клуб, а ПСЖ од 57-та минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Осман Дембеле.


Манчестер сити доживеа уште еден шок и одигра само 3-3 против Феенорд на „Етихад“, иако водеше со 3-0. Ерлинг Халанд го отвори резултатот од пенал во 44-та минута, а на почетокот на вториот дел Илкај Гундоган зголеми на 2-0. Третиот гол повторно беше дело на Халанд. Но, потоа се случи чудото. За првпат тим кој губел со 3-0 на 20 минути до крајот, избегна пораз.


Феенорд за вкупно 14 минути израмни. Преку Анис Муса Хаѓ и Сантијаго Хименез намали на 3-2, а потоа дојде и до 3-3 со голот на Давид Ханцко во 89-та минута. Две огромни грешки направи голманот на домаќинот Едерсон.


Спортинг Лисабон не покажа дека истиот тим кога од клупата не го предводи Рубен Аморим, па загуби од Арсенал на домашен терен со 1-5. Мартинели, Хаверц и Габриел ја завршија работата во првиот дел, а потоа погодија и Букајо Сака и Леандро Тросар. За Спортинг Лисабон стреелц беше Гонсало Инасио на почетокот на второто полувреме.


Аталанта беше убедлива на гости против Јанг Бојс и славеше со 1-6, двојни стрелци беа Ретеги и Де Кетеларе, а во листата се запиша и Колашинац.


Барселона го победи Брест со 3-0. Роберт Левандовски од пенал погоди и влезе во клубот 100 во Лигата на шампионите, а потоа Дани Олмо го потврди триумфот во 66-та минута. Во финишот Левандовски постигна уште еден гол.


Баер Леверкузен беше убедлив против Салцбург и го декласира со 5-0.


Интер со 1-0 го победи Лајпциг, со автоголот на Лукеба.

- Оглас -

Најнови вести