Трансферот на поранешната ѕвезда на англиската репрезентација и на Челзи, Рахим Стeрлинг, во Феенорд донесе неочекуван проблем за холандскиот клуб.
Тренерот Робин ван Перси потврди дека тимот ќе замине на вонреден тренинг-камп во Белгија, со цел 31-годишниот крилен напаѓач да може да тренира со новите соиграчи.
Причината е што Стeрлинг засега нема дозвола да тренира во Холандија бидејќи сè уште не ја добил потребната работна виза.
„Во странство тоа е дозволено“, изјави Ван Перси.
„Тоа го правиме поради него, но воедно сакам да работам и на напредокот на целиот тим“, додаде стратегот.
Стeрлинг, чиј договор со Челзи беше раскинат во јануари, не настапил со месеци. Неговиот последен меч беше во мај 2025 година, кога играше како позајмен фудбалер во Арсенал.
Тој ќе започне со тренинзи со Феенорд во вторник, но Ван Перси предупреди дека ќе биде потребно време додека фудбалерот ја достигне посакуваната физичка подготвеност.
„Како слободен агент, за првпат по долго време имав можност сам да ја контролирам следната фаза од мојата кариера. Убеден сум дека Феенорд е место каде што можам да бидам среќен. Играњето во странство е сосема нов предизвик за мене и предизвик што сум подготвен да го прифатам“, изјави Стeрлинг.

