20.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Феликс Оже-Алијасим се пласира во полуфиналето на УС опен

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим избори пласман во полуфиналето на УС oпен, откако во четири сета го совлада Австралиецот Алекс де Минор со 3-1 (4-6, 7-6, 7-5, 7-6).

Ова е второ полуфинале за 23-годишниот Канаѓанец на терените во Њујорк, со што уште еднаш го потврдува својот раст и стабилност на големата тениска сцена.

Во полуфиналето, негов противник ќе биде победникот од италијанскиот дуел меѓу Јаник Синер и Лоренцо Музети.

- Оглас -

Најнови вести