Жоао Феликс беше изненадувањето на Диего Симеоне за Манчестер јунајтед и потегот на тренерот на Атлетико Мадрид се покажа како исправен, а скапиот Португалец е стрелец на единствениот гол на дербито во осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.
По првото полувреме Атлетико води со 1:0 токму со голот на Феликс во седмата минута.
Одбраната на Манчестер јунајтед лошо реагираше, го заборави напаѓачот на Атлетико, а Феликс погоди со удар со глава.
https://twitter.com/NewsFTBL/status/1496577762508914689?s=20&t=8Rcf7D6gdj9kvO9idd3M0w
На „Луж“ во Лисабон, Ајакс постигна три гола против Бенфика, но води со 2:1. Тадиќ со гол во 18-тата минута им донесе предност на гостите, а потоа на сцена стапи Халер.
https://twitter.com/total10i/status/1496581287632642049?s=20&t=8Rcf7D6gdj9kvO9idd3M0w
Прво си постигна автогол во 23-тата минута, а потоа ја затресе и мрежата на Бенфика во 29-тата минута за предност на тимот од Амстердам.