Жоао Феликс влезе во убава серија со погодоци, а и вечерва беше прецизен уште во втората минута за Атлетико Мадрид против Бетис на гостувањето во Севилја.
Играчот што Јорганџиите го платија 120 милиони евра при трансферот од Бенфика, конечно игра на нивото што од него се очекуваше, а Атлетико бие битка за пласман на првите четири позиции во Ла Лига што водат во Лигата на шампионите.
Joao Felix goal for Athletico Madrid against Betis pic.twitter.com/8vCNeJ1us0
— Live News (@LiveNewsForAll_) March 6, 2022
Во петтата минута од судиското продолжение во првото полувреме, гостите од Мадрид примија гол како казна за невидената утка во 35-тата минута.
Тројца гостински играчи беа сами во контранапад и кога се чинеше дека ќе има рутинска реализација за 0:2, се сплеткаа и не се разбраа добро, па Сабали успеа да спаси чист гол.
Ситуацијата од 35-тата минута и чистиот зицер што не го реализираа гостите можете да го погледнете ОВДЕ.