Феликс тргна кон Лондон за да биде фениксот на Челзи (Видео)

Жоао Феликс е на пат кон Лондон за да потпише договор за позајмица со Челзи, клуб за кој речиси сигурно ќе игра до крајот на сезоната, објави „ТВ Ел Чирингито“.

Челзи, според најавениот договор со Атлетико Мадрид, чиј фудбалер е Феликс, ќе плати 11 милиони евра за да го регистрира 23-годишниот играч, а прифати и да му ја плаќа целосно платата од над еден милиони евра месечно што Португалецот ја има во Атлетико.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1612758276168650752?s=20&t=2eUgawHwzopAAtlMxgPOUw

Феликс на 19-годишна возраст пред 4 лета го направи најскапиот трансфер за 2019 година, а Атлетико Мадрид ѝ плати на Бенфика 126 милиони евра за големиот талент.

За неполни 4 години покажа малку од раскошниот талент и фудбалски репертоар со кој беше најавен како еден од најдобрите млади играчи на светот.

Сега речиси сигурно ќе игра како позајмен играч за Челзи и ќе се обиде да си ја воскресне кариерата, а и да му помогне на клубот од Лондон да реши дел од проблемите што ги има со повредените напаѓачи.

- Оглас -

Најнови вести