Фелипе Луис се вика маката на Симеоне

Фелипе Луис се жали на повреда на листот на ногата и е неизвесен за настап во реванш-дуелот од Лигата на шампионите против Јувентус.

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид сега е најголемата главоболка за Диего Симеоне пред дуелот во Торино, а ако не игра Фелипе, тоа ќе биде голем хендикеп за „јорганџиите“, кои имаат предност од 2-0 од првиот меч.

Среќа за Атлетико е што до реваншот има доста време, а ќе се игра на 12-ти март, па има време дефанзивецот на мадриѓаните да ја санира повредата.

 

- Оглас -

Најнови вести