Фелипе Маса не се откажува, ја бара титулата од 2008-мата (Видео)

Поранешниот Формула 1 возач, Фелипе Маса, не може да се помири со изгубената титула во 2008-мата и на суд ја бара правдата. Бразилецот од ФИА бара да му биде доделена титулата и да му бидат исплатени 10 милиони евра обесштетување за, како што вели, неправдата која му е нанесена.

Таа сезона, титулата во Формула 1 ја освои британецот Луис Хамилтон со само бод предност пред Фелипе Маса, кој ова барање по поднесе после изјавата на поранешниот позач на Рено, Нелсон Пике Жуниор, дека на ГН на Сингапур намерно удрил во заштитната ограда, се со цел да победи Фернандо Алонсо, и на тој начин Маса да остане без титулата.

На споменатата трка во Сингапур, Луис Хамилтон на крајот завршува како третопласиран и според тогашниот систем на бодување освојува шест бодови, но доколку Пике ја завршеше трката, тогаш британецот ќе беше четврти и ќе освоеше пет поени. На крајот Хамилтон и Маса ќе имаа ист број на бодови, но титулата ќе завршеше во рацете на бразилецот бидејќе имаше шест победи наспроти петте на Хамилтон и тоа ќе беше клучно за освојувањето на шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести