Фелипе Маса: Знам како е Шумахер, имам информација од прва рака

Здравствената состојба на славниот Формула 1 пилот Михаел Шумахер, е една од најдобро чуваните тајни во светот во последните години, тешко се доаѓа до вистинска информација, па затоа изјавата на Фелипе Маса дека знае како е Шуми, предизвика внимание.

Бразилецот Маса во минатото му беше клупски колега на Шумахер во Ферари, и еве и сега, 15-тина години подоцна, се блиски и одржуваат контакт. Шумахер ја повреди главата додека скијаше во 2013 година, долго беше во кома, но иако преживеа, малкумина знаат како изгледа тој и дали функционира како нормален човек.

„Знам во каква состојба е Шумахер, имам информација. Мојата релација со него секогаш беше многу блиска. Со жена му Корина не сум толку близок, таа ретко доаѓаше на трките. Би кажал дека сите знаеме оти неговата состојба не е лесна, тој е во тешка фаза, но мора да ја почитуваме приватноста како сака и неговото семејство. Нема да биде убаво јас да кажувам информации“ – изјави Маса.

- Оглас -

Најнови вести