Фелипе Мело: 95 проценти од моите другари се мртви!

Фудбалерот на Палмеирас и некогашен бразилски репрезентативец, Фелипе Мело, во интервју за аргентински „Кларин“ кажа колку е тешко да се игра против Лионел Меси и колку е тешко да се преживее во фавелите во Бразил, каде што пораснал. Мело, кој играше и за Јувентус и Интер, смета дека Меси е најдобриот во историјата.

„Не можам да зборувам за Пеле бидејќи не сум го гледал. Во Бразил има луѓе кое велат дека Зико е најдобар на сите времиња, но него го гледав само кога се повлекуваше. Не знам за Пеле, Зико или Марадона, но сум играл против Меси. Тој е подобар од Кристијано Роналдо затоа што креира и ги разигрува и соиграчите. Роналдо може да даде пет гола, а Меси исто ќе даде пет, но покомплетен е, сака да има и асистенции. Кога игравме против Аргентина, бевме договорени да се ротираме против Меси и сите да го фаулираме по еднаш, тактички фаули за да не влезе во ритам“, вели Мело.

Мело вели дека во Европа има неизедначен судиски критериум, во Англија за фаул може судијата и да не свирне, а во Шпанија за истиот да добиете црвен картон. Во Јужна Америка не знаете на каков судија ќе налетате и сите дури и од иста земја имаат различни критериуми. Фелипе порасна во најлошата фавела во Рио де Жанеиро.

„Уште од дете сонував да станам фудбалер, не ме интересираа дрогата и оружјето. Само фудбалот ме интересираше, а тоа и ми го спаси животот. Од другарите со коишто пораснав и останаа таму, сега 95 проценти од нив се убиени“, вели Мело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести