Хуан Фелипе е старо-нов играч на Вардар откако Бразилецот се согласи на шестмесечен договор со најтрофениот македонски клуб. Фелипе до крајот на сезоната ќе ги брани црвено-црните бои, а се враќа по нецела година откако го напушти Скопје и потпиша за Каират од Казахстан.
Вардар добива квалитетно засилување за вториот дел од сезоната, а од фудбалерот се очекува да се приклучи на тимот во следните неколку дена.
Фелипе беше еден од клучните играчи на Вардар во шампионската сезона и историскиот пласман во групната фаза во Лигата на Европа. Поради нерасчитесни сметки тој во март минатата година ги напушти „црвено-црните“, но сега повторно ќе го гледаме во претпознатливи бои.