Фенербахче откако не успеа да обезбеди место во лигашкиот дел на Лигата на шампионите, го отпушти Жозе Мурињо, па само за еден ден потроши околу 50 милиони евра за нови засилувања.
Гигантот од Босфорот го доведе голманот на Манчестер сити, Едерсон, за кого ќе платат помеѓу 13 и 14 милиони евра, а Бразилецот ќе добие годишна плата од осум милиони евра.
Ново засилување на Фенербахче е и Марко Асенсио, за кого му платија 7,5 милиони евра на ПСЖ, а најмногу пари потрошија за турскиот репрезентативец Керем Актуркоглу, кој пристигна од Бенфика за сума од 25 милиони евра.
Нема сомнеж дека Фенербахче ќе биде многу посилен во продолжение од сезоната, а со новите засилувања сигурно дека ќе истакне кандидатура и за трофејот во Лигата на Европа.