Пет интересни натпревари се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life. Квотите се движат помеѓу 2.25 и 2.65, а доколку петте натпревари се искомбинираат на ист тикет, квотата е 83.8.
Наполи е во серија од два порази по ред и е далеку од врвот во Серија А, но доколку денеска не загуби од Монца на домашен терен, а притоа се затресат двете мрежи, тогаш понудената квота од 2.25 ќе биде добитна.
Турскиот Супер куп се игра во Ријад, Саудиска Арабија, а Галатасарај и Фенербахче се очекува да приредат вистински спектакл за навивачите. Очекувањата се дека ќе има голови во двете мрежи, но распоредени во двете полувремиња. Во тој случај квотата од 2.30 ќе биде добитна.
Бенфика е голем фаворит против Фамаликао, а понудената квота од 2.60 ќе биде добитна ако домашните погодат најмалку еднаш во првото полувреме, односно најмалку трипати во текот на целиот натпревар.
Лидерот на италијанската Серија А, Интер, се очекува да продолжи на победничките патеки и со цел плен да се врати од гостувањето кај Џенова. Доколку успеат во тоа, но и ако во првото полувреме биде постигнат најмалку еден гол, тогаш квотата од 2.35 ќе биде добитна.
Квотата од 2.65 за дуелот помеѓу Лацио и Фрозиноне ќе биде добитна само ако победат домашните, но и ако на дуелот бидат постигнати помеѓу два и четири погодоци.