Фенер и Мурињо елиминирани од ЛШ, противникот на Струга веќе е во плејофот (Видео)

Жозе Мурињо и Фенербахче не успеаја да го минат третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите и се елиминирани од францускиот Лил. Турците имаа негатива од 1-2 од првиот натпревар, која успеаја да ја анулираат во 91-вата минута со комичниот автогол на Бафоде Дијаките и да се изборат за продолженија.

Аиса Манди во 109-тата минута доби црвен картон, па работата на Фенербахче беше олеснета, но Џонатан Дејвид во 116-тата минута сепак израмни на 1-1 од пенал и го однесе Лил во плејофот, а Мурињо и Фенер сега продолжуваат во плејофот од Лигата на Европа.

Во плејофот од Лигата на шампионите е и Слован Братислава, противникот на македонскиот шампион, Струга. Тие одиграа 0-0 на гостувањето кај кипарскиот АПОЕЛ, што беше доволно да се сочува предноста од 2-0 од првиот натпревар.

Резултати:

АПОЕЛ – Слован Братислава 0-0
Бодо/Глимт – Јагелонија 4-1
Фенербахче – Лил 1-1
Твенте – Салцбург 3-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести