Екипите на Фенербахче и Глазгов ренџерс забележаа победи на првите денешни натпревари од Лигата на Европа. Избраниците на Жозе Мурињо со победа од 2-1 ја започнаа групната фаза на второто по ранг клупско натпреварување во Европа над екипата на Унион.
Чаглар Сојунџу во 26-тата минута го донесе Фенербахче во водство од 1-0, а на 2-0 зголеми фудбалерот на Унион, Кристијан Бургес, кој во 82-рата минута си постигна комичен автогол. Гостите во 92-рата минута не погодија пенал преку Ивановиќ, но во 94-тата минута стигна почесниот погодок за Унион преку Рос Сајкс.
Фудбалерите на Глазгов ренџерс го победија Малме на гостински терен со 2-0. Недим Бајрами уште во првата минута ги донесе Шкотите во водство, а победата ја потврди Рос Мекосланд во 76-тата минута.