26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Фенер продолжува со реконструкцијата, желба на Мурињо е ѕвезда на Арсенал

Фенербахче веќе 11 години ја нема освоено турската Супер лига, па трпението на навивачите е на самиот крај. Гигантот од Босфорот веќе започна со реконструкцијата, па екипата ја напуштија Џеко, Тадиќ и Ливаковиќ, а приоритет на Жозе Мурињо е крилната позиција.

Се споменува чилеанската легенда Алексис Санчес, но сега во преден план избива ѕвездата на Арсенал, Леандро Тросар. Тој беше помеѓу фудбалерите на „топчиите“ со најмногу настапи минатата сезона, дури 56 во сите натпреварувања, а Фенербахче веќе испратил понуда до Арсенал вредна 15 милиони евра, која се очекува да биде прифатена, секако доколку и фудбалерот се согласи да се пресели во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести