1.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Фенер се спаси од пораз во 95-тата минута, тепачките на теренот почнаа уште пред натпреварот (Видео)

Фенербахче и Галатасарај одиграа нерешено, 1-1, во вечното турско дерби и така останаа на исто растојание на табелата. Галатасарај има 33 бода, Фенербахче 32, а ремито најмногу му одговараше на Трабзонспор, кој сега е трет со 31 поен.

Лерој Сане во 27-мата минута донесе водство за Галатасарај, а конечните 1-1 ги постави Џон Дуран во 95-тата минута.

Ретко се случува на турското дерби да нема тепачка, а вечерва таа се случи уште пред мечот. На загревањето дојде до мешаница во која учествуваа фудбалерите и на двете екипи, па тоа се чини дека беше „одлична“ увертира за она што ќе се случува кога мечот и ќе започне.

- Оглас -

Најнови вести