Интер го откупи договорот на Давиде Фратези од Сасуоло пред 18 месеци за сума од 31,4 милиони евра, откако претходно една сезона настапуваше на „Џузепе Меаца“ како позајмен фудбалер.
Екипата од Милано сега планира да го продаде фудбалер од средниот ред, а иако интересот е голем, планот на раководството е да ги разгледува само понудите од екипите кои не се од Италија.
Јувентус, Наполи и Рома го посакуваат Фратези во нивните редови, но сега во преден план е понудата на Фенербахче, која изнесува 40 милиони евра.
Фратези во својата кариера настапуваше за Рома, Сасуоло, Асколи, Емполи и Монца, па доколку се реализира трансферот во Турција, тоа за него ќе биде прво интернационално искуство. Дваесет и шестгодишниот фудбалер има и 33 настапи за репрезентацијата, но и осум гола.

