Фенербахче доведе сјаен напаѓач и сруши 24 години стар рекорд во Турција

Докажаниот голгетер Јусуф Ен Несири, кој досега ги бранеше боите на Севилја, во новата сезона ќе биде играч на Фенербахче. Репрезентативецот на Мароко наскоро треба да биде преставен како големо засилување за гигантот од Истанбул, а овој трансфер е историски.

Фенербахче за Ен Несири ќе плати 20 милиони евра фиксна оштета, плус пет милиони евра кои треба да бидат дадени во вид на разни бонуси.

Со овој трансфер ќе биде срушен 24 години стариот рекорд во турскиот фудбал. Во 2000 година, Галатасарај плати 17 милиони евра за доведување на Марио Жардел од Порто и тој трансфер беше најголем влезен трансфер во турскиот фудбал.

Сега со доажањето на Ен Несири во Фенербахче, трансферот на Жардел оди во историја. Мароканскиот репрезентативец во минатата сезона во шпанското првенство одигра 33 меча и постигна 16 голови.

Првиот официјален меч во новата сезона на Фенербахче ќе биде вечерва и тоа на гости кај Лугано, во второто коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести