Фенербахче дозволи да прими гол во првиот напад, а потоа го напушти теренот (Видео)

Финалето од Супер купот меѓу Фенербахче и Галатасарај траеше едвај една минута, а на крајот победник е тимот на Галатасарај. Како што претходно беше најавено, фудбалерите на Фенербахче решија да го бојкотираат овој меч за трофеј во турскиот фудбал.

Само што започна дуелот, фудбалерите на Фенербахче дозволија да примат гол, а откако топката беше наместена на центар за да продолжи мечот, се случи прекинот. Играчите на Фенербахче го напуштија теренот и финалето тука заврши.

Официјано, Галатасарај е победник на јубилејниот 50-ти Супер куп на Турција и ова е 17 трофеј за овој истанбулски гигант.

- Оглас -

Најнови вести