21.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Фенербахче го претстави наследникот на Мурињо

Фенербахче официјално го претстави Доменико Тедеско како нов тренер на тимот. Триесет и деветгодишниот Италијанец потпиша договор на две години и го зазема местото на Жозе Мурињо, кој беше ослободен по елиминацијата на тимот во плејофот од Лигата на шампионите. Во неговиот стручен штаб ќе влезе и поранешниот капитен на клубот, Ѓокхан Ѓонул, кој ќе ја извршува улогата на асистент.

Назначувањето го означува враќањето на Тедеско во клупскиот фудбал откако речиси две години ја предводеше белгиската репрезентација, од која беше ослободен во јануари.


Во својата тренерска кариера тој работел во академиите на Штутгарт и Хофенхајм, а потоа ги водеше првите тимови на Ауе, Шалке 04 и Лајпциг. Единствениот негов престој надвор од Германија досега беше во Спартак Москва.

- Оглас -

Најнови вести